3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМедиумски оценки на руската одлука за откажување од „Јужен поток“

Медиумски оценки на руската одлука за откажување од „Јужен поток“

juzen potok bugarija

Одлуката на Русија да се откаже од изградбата на гасоводот „Јужен поток“ е една од главните теми на денешните изданија на западните, но и на руските весници.

„Фајненшал Тајмс“ наведува дека ваквата одлука претставува „голем неуспех“ за рускиот претседател Владимир Путин, оценувајќи дека меморандумот за енергетска соработка што го потпишаа Русија и Турција не претставува сериозна алтернатива на „Јужен поток“.

„Тврдењето на Путин дека откажувањето на проектот претставува загуба за Европа, а добивка за Турција не соодвејствува со реалноста. Рускиот претседател е прунден да се откаже од проектот што беше планиран со години, што претставува стратешки неуспех за Русија“, смета лондонскиот весник.

Според „Фајненшел Тајмс“, фактот што „Јужен поток“ на Европа не би и донел гас од алтернативни извори, туку би се користеле постојаните наоѓалиште од кои и сега има гасоводи до европските потрошувачи, претставува доказ за неисплатиливоста на овој проект.

„Во случајот со „Јужен поток“ економската оправданост отсекогаш беше на второ место, зад политиката. Голем дел од гасот што Русија и го продава на Европа транзитира низ Украина, што претставува ретка можност Киев да влијае врз Москва“, заклучува „Фајненшл Тајмс“.

Според весникот, со изградбата на овој гасовод Русија сакаше „да го заобиколи проблематичниот сосед (Украина)“, но во исто време и да го зголеми своето влијание врз поголемиот дел од Југосточна Европа, пред се врз Бугарија, Србија и Унгарија.

Весникот смета и дека договорот меѓу Москва и Анкара за стратешко енергетско партнерство, не е соодветна алтернатива за „Јужен поток“, бидејќи Турција ниту од далеку не е толку голема, за да може да го замени европскиот пазар.

„Фајненшал тајмс“ смета и дека по пропаѓањето на „Јужен поток“, Европа треба да бара нови извори за енергенсот, при што би трбало да го преразгледа планот за изградба на гасоводот „Набуко“, преку кој би се обебзедувал гас од Каспискиот Басен.

„Форин полиси“ пак смета дека „Јужен поток“ станал жртва на кризата во Украина и дека неговото откажување покажува оти „енергетското малтретирање“ што го прави Москва е ограничено.

Со откажувањето од гасоводот, Путин по се изгледа призна дека европските санкции кон Москва ги „торпедирале финансиските перспктиви на големиот проект“, што заедно со континираниот отпор на ЕУ и некои нејзини земји­членки кон „Јужен поток“, доведе до негово пропаѓање, оценува весникот.

Пропаѓањето на „Јужен поток“ претставува удар врз обидите на Русија за изолирање на Украина, смета „Форин полиси“, додавајќи дека евентуалното доближување на Анкара до Москва со склучениот договор, би можел да доведе до понатамошно оддалечување на Турција од ЕУ.

„Од перспектива на ЕУ откажувањето на Путин (од гасоводот) претставува победа на владеењто на првото, како и победа во битката за влијание врз државите од поранешниот советски блок во Централна и Источна Европа“, смета весникот.

Според „Форин полиси“, иако останува нејасно дали „Јужејн поток“ е „мртов или на апарати за дишење“, тој сепак ги покажа се поголемите разлики меѓу членките на ЕУ, кога е во прашање односот кон Брисел и кон Москва.

Унгарија повеќепати и се спротивстави на ЕУ и се повеќе се доближи до Путин и Москва, со тоа што не ги прифати препораките на Брисел и ја одобри изградбата на „Јужен поток“.

Бугарија од друга страна повеќепати го блокираше проектот, а бугарската Влада ги прифати резервите на Брисел кон гасоводот, иако откажувањето од него може да ја чини оваа балканска земја 400 милиони долари годишно, колку што ќе заработеше од транзит на гас низ нејзина територија, наведува весникот.

Московски „Комерсант“ оценува дека откажувањето на „Јужен поток“ по осум години преговори, не само што ги изненади европските политичари, туку и странските партнери на „Газпром“ во овој проект.

Весникот наведува дека уште во декември 2012 година, првиот човек на „Газпром“ Алексеј Милер изјави дека „проектот апсолутно ги задоволува потребите на пазарот“ и дека сето количество на гас „веќе е поделено“, додавајќи дека засега не е познато што ќе биде со веќе склучените договори.

Рускиот електронски весник „Вести“ пак пишува дека откажувањето на „Јужен поток“ на европските компании ќе им нанесе штети од најмалку 2,5 милијарди долари.

„Пресметки за загубите прават и балканските земји низ кои требаше да минува гасоводот, а Европската комисија веќе најави дека нема да бидат компензирани штетите“, наведува весникот.

„Вести“ тврди дека „Балканот реагирал разочарано“ на одлуката за откажување на „Јужен

поток“, додавајќи дека кај балкансите земји сепак има надеж дека проектот ќе се реализира.

„Во гасоводот беа инвестирани пари и на него се сметаше. За замрзнувањето на проектот, виновна е самата ЕУ“, оценува весникот.

Според „Новие известија“, Еврокомисијата ќе побара од Русија да ги објасни причините за откажување на проектот, додека Србија ќе бара објаснување и од Москва и од Брисел.

Весникот „Газета“ пак оценува дека со откжаувањето на „Јужен поток“, Путин ги „довел во тесно“ експертите и европските претставници. ­ Цело деноноќие (по откажувањето) немаше јасни коментари на првите луѓе на ЕУ. Или биле затечени од потегот на рускиот претседател или пак однапред знаеле и склучиле тајна зделка со Путин, наведува весникот, додавајќи дека со ова рускиот претседател уште еднаш покажал дека е „мајстор на тајните политички комбинаторики“.

„Путин можеби бил принуден да го откаже „Јужен поток“ поради непопсутливата позиција на Западот, според кој гасоводот е антиукраински проект, што има за цел да му нанесе загуби на Киев од транзитот на гас“, додава „Газета“.

Весникот тврди дека Путин направил тајна зделка со Западот, која вклучува откажување од „Јужен поток“ и од руската експанзија на европскиот гасен пазар во полза на американскиот гас од шкрилци, а за возврат САД и ЕУ ќе извршат притисок врз Киев да ги запре борбените дејства врз сепаратистите во Донбас.

„Освен дирекните загуби од досега вложените инвестиции, од колосалните политички и организаицски напори и од загубените средства од транзитените такси, земјите од ЕУ ја губат и можноста да изградат целосен систем за дистрибуција на гас. Ризиците од украинскиот транзит остануваат, па дури и се зголемуваат, а во перспектива ЕУ ќе се соочи и со зголемно турско влијание врз европските работи“, оценува „Газета“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП