20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал мора да плати 80 милиони за Бејл

Реал мора да плати 80 милиони за Бејл

bale

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви е познат по тоа што ниту еден милиметар не попушта од своите побарувања. Сега на Реал им го постави следното или 80 милиони или да не доаѓаат по Бејл.

Тој е свесен дека со својата политика успеа да го натера мадридски Реал да плати големи 40 милиони за Лука Модриќ, па така претседателот на Тотенхем порача дека нема да разговара за Бејл под понудената цена.

Леви долго време го одбиваше Флорентино Перез и на секоја понуда одмавнуваше со рацете се до моментот кога ја достигна границата од 40 милиони за Хрватот, па така и овој пат ќе се бори за големите 80 милиони за Бејл.

Можеби звучи грубо, но излегува дека првиот човек на лондонскиот клуб навистина се однесува според принципот, „ако за Модриќ ви земав 40 милиони, можам и за најдобриот играч во Премиер лигата да ви земам дупло“.

А како стојат работите, веројатно и ќе земе. Наводно, Реал веќе прифатил да го плати споменатиот износ и да го откупи договорот на Бејл. Па најверојатно тоа би значело дека Роналдо ќе си замине од Мадрид.

За „кралевите“ парите никогаш не биле проблем и овие два трансфера сигурно не се предизвикани еден од друг, но доаѓањето на Бејл најверојатно ќе биде спас доколку Роналдо си замине во Манчестер или ПСЖ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП