24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПеле: Се чувствувам добро

Пеле: Се чувствувам добро

pelé

Легендата на бразилскиот и светски фудбал Пеле дематира дека е префрлен на интензивна нега во болница во Сао Паоло.

Пред две недели му беше извршена операција поради проблеми со камен во бубрег, а повторно е во болница поради уринарна инфекција.

– Сакам да ве известам дека сум добро. Не сум на интензивна нега, туку сум во посебна соба поради приватност, изјавил Пеле.

Пеле, кој има 74 години само три дена по операцијата беше пуштен од болница, но сега повторно е под лекарска контрола.

Се очекува фудбалската легенда Пеле брзо да ја напушти болницата откако здравствената состојба ќе му биде нормализирана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП