Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,310.00 0.63%    BESK 8,730.00 -3%    GRNT 832.42 0.19%    KMB 5,264.58 -0.83%    MPT 52,500.00 0.04%    MTUR 5,249.25 -0.01%    OHB 6,077.33 -1.18%    OKTA 4,295.55 -1.64%    SPAZ 18,000.00 0%    STB 1,142.25 -0.24%    TEL 299.11 -0.3%    TNB 15,965.40 0.95%    

УН диета

Време: 13:24

Датум: август 1, 2018

Категорија: ДИЕТИ

Стриктното спроведување на оваа диета доведува, покрај намалувањето на килограмите, и до промена на метаболизамот па затоа изгубените килограми не се враќаат.

Диетета трае 90 дена. Ако е потребно да се изгубат помалку килограми, диетата се прекинува порано, но тогаш не доаѓа до промена на метаболизамот.

УН диетата секогаш почнува со протеински ден, потоа следува ден на скробот, па ден на јаглени хидрати, овошен ден, па повторно протеински. РЕДОСЛЕДОТ НА ДЕНОВИТЕ НЕ СМЕЕ ДА СЕ МЕНУВА

 

Појадок

Сите 90 денови ОВОШЈЕ. Се јадат по две исти овошја или рака суво овошје (изброите 8 парчиња, ќе биде доволно).

 

Прв ден – ПРОТЕИНСКИ ДЕН

Ручек

– Месо, динстано, обарено или печено (во количина од ресторанска порција, 2- 3 парчиња или околу 250 гр) или 3 варени или печени јајца или нешто од млечните производи, па и соја.

– Леб – парче интегрален леб.

– Салата во неограничени количини со максимално 1 лажица масло.

– Супа – задолжителна (без тестенини – 1/3 шоља / 3 дцл) а ако се конзумираат млечни производи тогаш супата не е задолжителна – испијте јогурт или млеко.

Напомена: Разни видови на протеини не се мешаат во еден оброк или во еден ден.

Вечера

Исто како и за ручек, но половина мерка од ручекот, без супа и без леб. Задолжително.. ако се јаде месо за ручек да се јаде и за вечера, ако се јадат јајца за ручек, мора да биде исто и за вечера.

 

Втор ден – ДЕН НА СКРОБОТ

Ручек

– Грав, грашок, леќа, ориз, компир – варено, само со додаток на зачини (сол, вегета, црн пипер, кечап, варен домат ) – полна чинија.

– Леб – парче

– Салата

Вечера

Исто како и за ручек, но половина мерка и без леб.

 

Трет ден – ДЕН НА ЈАГЛЕНИ ХИДРАТИ

Ручек

Варени тестенини со додаток на зачини – кечап или слично, или пица само со додаток на кечап, или солено пециво во количина на пица (на пример 3 кифли)

Вечера

Две тенки парчиња торта или 3 –4 колачи, или 3 – 4 топки сладолед. Задолжително – 1 ред црно чоколадо.

 

Четврти ден – ОВОШЕН ДЕН

Ручек и вечера

Само мешано овошје, колку сакате.

 

Додатни напомени

– По кругот од 7 X 4 дена, односно 29 дена (три пати во текот на диетата) се држи „воден ден“. Цел ден се пие само вода.

– Задолжително после овошниот ден, а понекогаш и после водениот, се продолжува со протеинскиот ден.

– Кафе и чај може да се пијат, но без шеќер. Соковите да се сведат на минимум.

– Задолжително е после ручек да се зема 1 таблета, која содржи дневна доза витамини и минерали.

– Паузата помеѓу оброците првиот ден е 4 часа, а вториот и третиот ден е 3 часа, за време на овошниот ден паузата помеѓу оброците е 2 часа.

– После 8 часот навечер немојте ништо да јадете.

Се што е наведено мора да се јаде затоа што има своја улога во организамот. Овошјето е задолжително за појадок, затоа што најбрзо дава енергија, чоколадата третиот ден исто така, затоа што го штити организамот од можна алергија.

Количините на храна се поголеми од вообичаените, а намирниците се прилагодени на нашите услови и поднебје. Мора да се биде доследен и упорен. Може да се случи првите десет дена да не дојде до губење на килограми, но тогаш почнува нагло губење на килограми и тоа дури до 3 – 4 кг. После 90 дена диета, уште 90 денови за појадок се јаде овошје, додека за ручек и вечера се враќате на вообичаениот начин на исхрана. Во тој период треба да се намалат уште 3 кг што е показател за промената на метаболизмот. Ако тоа не се случи, диетата треба да се повтори, но дури после 3 месеци.

ДИЕТАТА НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПРОДОЛЖУВА ПОВЕЌЕ ОД 90 ДЕНОВИ – ЕДИНСТВЕНО ПО ПАУЗА ОД 3 МЕСЕЦИ МОЖЕТЕ ДА СПРОВЕДЕТЕ НОВИ 90 ДЕНОВИ ДИЕТА.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Супер диета! Кога сакате да ослабете најдобар е лимонот!

    Супер диета! Кога сакате да ослабете најдобар е лимонот!

    Оваа диета ја спречува акумулацијата на течности и го разградува вишокот маснотии во телото. Лимонот го прочистува телото и ги отстранува отровите благодарение на високата…

  • Се за диетата од брокули: Килограмите ги намалува како од шега, а нејзиното мени е големо изненадување

    Се за диетата од брокули: Килограмите ги намалува како од шега, а нејзиното мени е големо изненадување

    За оваа диета се говори дека ги симнува килограмите како од шега и го чисти организмот од токсини. Прв и втор ден Доручек: 200 грама…

  • 3 начини за слабеење без броење на калории и гладување

    3 начини за слабеење без броење на калории и гладување

    Многу е важно во вашиот план да ги вклучите навиките кои не делуваат во директна врска со килограмите, но значително ќе придонесат за нивното исчезнување.…

  • Скандинавска диета е новиот светски хит

    Скандинавска диета е новиот светски хит

    Уште една диета? Се чини секоја година дека некоја нова диета станува хит, за веќе неколку месеци да се замени со друга. Што се случува…

  • Нова диета која не ”мачи”, но дава одлични резултати

    Нова диета која не ”мачи”, но дава одлични резултати

    Континуирано ни пристигнуваат различни диети и за секоја од нив се тврди дека токму таа е најдобрата, најздравата и најефикасната. Диетата 16: 8 е нов…

  • Како ефикасно да примените кето диета

    Како ефикасно да примените кето диета

    Кетонската исхрана е еден од најпопуларните начини за регулирање на килограмите во моментов. Заговорниците на оваа диета велат дека тежината се губи ефикасно и без…

  • Евтино мени за брзо губење на тежината: Медицинска диета која ги топи килограмите

    Евтино мени за брзо губење на тежината: Медицинска диета која ги топи килограмите

    Едноставна и малку построга, медицинска диета која за нешто повеќе од еден месец го топи вишокот на килограми што долго време ве мачат! Таа трае…

  • Диета „17 дена“

    Диета „17 дена“

    Диетата „17 дена“ е смислена од страна на Д-р Мајк Морен, лекар од Калифорнија. Многу брзо постигнала голем успех и станала златен стандард за многу…

  • ДИЕТА: „Јади цел ден“

    ДИЕТА: „Јади цел ден“

    Ако облеката ви е премногу тесна а апетитот добар, Хелен Фостер – авторката на најпродаваните книги од областа на диететиката ви открива како да намалите…

  • ДИЕТА: Течна диета – намалете 10-15 килограми

    ДИЕТА: Течна диета – намалете 10-15 килограми

    Течната диета е многу ефикасна за брзо слабеење. Максималнато време на траење на оваа диета е две недели и за тоа време можете да намалите…