ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена кредитната активност на хрватските банки

Намалена кредитната активност на хрватските банки

03-640x330

Вкупните кредити на хрватските банки на крајот на септември оваа година беа за 5,2 проценти помали отколку во истиот период една година претходно, забележувајќи годишен пад седми месец по ред, што ја одразува контракцијата на вкупната кредитна активност и континуираното раздолжување на населението и стопанството, оценуваат аналитичарите на Raiffeisen Bank Австрија.

На крајот на септември, според податоците на хрватската Централна банка, вкупната вредност на пласираните кредити изнесувала 274,8 милијарди куни (35,8 милијарди евра), што е за 1,9 проценти помалку во однос на претходниот месец, додека на годишно ниво е забележан пад од 5,2 проценти.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП