25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГвардиола повеќе нема да смета на Шаќири

Гвардиола повеќе нема да смета на Шаќири

sakiri bb

По неколку месеци шпекулации, најверојатно Шаќири во јануари ќе го напушти Баерн.

Џердан Шаќири не успева да си обезбеди место во првиот тим на „баварците“, но иако има мала минутажа, тој покажува дека е во добра форма, што го потврдува со настапите во националниот дрес.

Како што неодамна изјави, седењето на клупа го фрустрира, па поради тоа ќе се сретне со луѓето од клубот и ќе ја разгледуваат неговата иднина во Баерн.

Неговата судбина, според „Bild“, очигледно нема да биде поврзана со гигантот од Минхен, затоа што Пеп Гвардиола не смета на овој 23-годишен фудбалер.

Сигурен извор за „Bild“ изјави дека Шаќири „не е доволно паметен“ за Гвардиола, па поради тоа ќе му дозволи да си замине во јануари и да ја промени средината.

Сепак, нема сомневање дека многу клубови со нетрпение очекуваат ваков расплет, па се претпоставува дека Швајцарецот ќе се пресели во Англија, од каде во минатиот преоден рок добиваше покани. Најпрво од Ливерпул, па потоа и од Тотенхем, сега се вмеша и Арсенал, но и Манчестер Јунајтед.

Инаку, Шаќири оваа сезона одигра само три првенствени средби, забележа само 310 минути на теренот, а се предвидува дека неговата цена изнесува 20 милиони фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП