28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЦрвена звезда пред банкрот

Црвена звезда пред банкрот

covik

Потпретседателот на Црвена Звезда, Небојша Човиќ објави шокантни бројки за работата на клубот во 2012-та година, според кои „црвено-белите“ се пред стечај.

Фудбалскиот клуб од Маракана во 2012-та година направил загуба од 10.899.540 евра, а за данок се уште должат 343.216 евра. Според Човиќ за камати и кредити биле потрошени 5.7 милиони евра, за репрезентација 250.000 евра, за струја 125.000 евра, за телефони 158.000 евра, трошоците за обезбедување изнесуваат 323.000, сметките за вода се 69.883, подготовките во странство ги чинеле 213.000 евра, за казните од страна УЕФА и ФФС  уплатиле 148.691, за спортските реквизити потрошиле 248.699 евра…

„Овде нема милост, доколку сакаме да преживееме и да не влеземе во банкрот“, вели Човиќ.

„Мораме да превземеме некои радикални мерки, како што се намалување на договорите на играчите и намалување на бројот на вработени.  Да се исклучат премиите за вработените, како што беше порано, кога премија добиваше и секретарката. Мораме да бидеме сурово реални, затоа што времето не ни е сојузник“, додава тој.

Небојша Човиќ истакна дека заминувањето на Звезда во стечај со себе ќе повлече и уште пола тимови од лигата.

„Морам да признаам дека за некои од доверителите не ми е жал, меѓу кои се и менаџерите. Поради систематизацијата на работните места, одлучено е во клубот да бидат вработени помеѓу 70 и 90 луѓе, несметајќи ги фудбалерите“, истакна потпретседателот на Звезда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП