ПочетнаЕКОНОМИЈАРоманскиот министер за финансии ги демантира информациите за укинување на рамниот данок

Романскиот министер за финансии ги демантира информациите за укинување на рамниот данок

General Economy As The International Monetary Fund Delays Romania Review Completion Over Budget

Делегираниот министер за буџет Дариус Валков изјави дека Министерството за финансии не презема одговорност за објавените документи во медиумите за планирани даночни измени, како и дека ќе нема да поднесе оставка, ако се покаже дека документот е изработен од министерството.

Романските медиуми објавија документ, според кој од идната година се планирани различни даночни промени како укинување на рамниот данок и зголемување на даноците на имот, јави БТА.

Првично министерот Валков изјави дека претставниот во медиумите документ не е изработен од министерството за финансии. На прашањето дали е подготвен да поднесе оставка ако се докаже дека претставениот документ е изработен од министерството, Валков изјави дека не може да одговара за сите вработени во институцијата.

Министерот за финансии Јоана Петреску, во соопштение по повод пишувањата на медиумите, изјави дека не е согласна со укинувањето на рамниот данок и дека во нејзиното министерство не се разгледува таква можност.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП