19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНовата трансфер цел №1 на Реал!

Новата трансфер цел №1 на Реал!

rm rojs

Весникот кој се смета за близок до Реал Мадрид, „Марка“ и „Мундо Депортиво“, кој ги информира читателите претежно со вести околу Барселона, денеска на насловната страница објавија наслови за Марко Ројс од Борусија Дортмунд.

„Марка“ тврди дека „кралскиот клуб“ го следи германскиот репрезентативец веќе три години и тој е трансфер цел број 1 за следното лето. „Кралевите“ веќе има добри односи со менаџерската агенција на Ројс, чии клиент е и Тони Крос кој премина ова лето од Баерн на „Сантијаго Бернабеу“.

Договорот на Ројс со Борусија Дортмунд е до летото 2017-та година, а во него има ослободувачка клаузула во износ од 25 милиони евра. „Милионерите“ сакаат да го продолжат договорот на германскиот репрезентативец, за кој, интерес имаат речиси сите гиганти во Европа, а за фаворит за неговиот потпис се смета Баерн, бидејќи веќе од Дортмунд ги донесе Марио Гетце и Роберт Левандовски.

Според „Марка“ во битката за потписот на Ројс ќе интервенира и португалскиот менаџер Жозе Мурињо, кој ќе стори се за да го привлече халфот во Челзи во летниот преоден рок.

Во исто време, „Мундо Депортиво“ пишува дека Барселона исто така има добри шанси да го привлече Ројс, откако неговиот поранешен соиграч од Борусија (Менхенгладбах) Марк-Андре Тер Штеген веќе е кај каталонците. Покрај тоа, Барселона игра и атрактивен, офанзивен фудбал, кој е целосно по вкусот на германскиот репрезентативец.

Според германските медиуми, пак, самиот Ројс не би сакал да ја напушта Бундеслигата и ќе избира дали да остане во Дортмунд или да премине во Баерн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП