20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМата си оди во јануари!?

Мата си оди во јануари!?

JuanMata222

Платен е 37 милиони фунти, три клубови се заинтересирани за него, но изгледа Шпанецот е отпишан и Јунајтед се согласува на се, само да се ослободи од него!

Хуан Мата не се вклопува во формацијата на Луис ван Гал, а со доаѓањето на Ди Марија сега Холанѓанецот има премногу офанзивни опции во средниот ред, но тој сака да го форсира и Јанузај.

Поради тоа Мата е вишок, а во Јунајтед не сакаат така скапа резерва и ќе се обидат да надокнадат дел од вложеното во Шпанецот.

Него Мојс го доведе од Челзи за 37 милиони фунти, а нормално во претходната година неговата цена забележа пад и сега во најдобар случај „ѓаволите“ можат да сметаат на двесетина милиони.

Тие се подготвени да загубат и половина од вложеното во овој фудбалер, а три клубови веќе покажуваат интерес за него.

Станува збор за Валенсија, поранешниот клуб на Мата, потоа Атлетико Мадрид и Јувентус.

Се шпекулра дека Мата најмногу би сакал да премине во редовите на шпанскиот првак, но Јуве има силен адут во раката, Видал кого сега би го продале на Јунајтед и Мата да го сметаат како дел од тој трансфер.

Изгледа, Шпанецот ќе го напушти „Олд Трафорд“ по една година, а очигледно неговиот претстој во Англија нема да му остане во убаво сеќавање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП