20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХенес од јануари се враќа на работа во Баерн!

Хенес од јануари се враќа на работа во Баерн!

uli henes 334

Поранешниот претседател на Баерн, Ули Хенес, осуден на 3 и пол години затвор поради затајување на данок, најверојатно ќе се врати на работа во клубот уште од јануари, објави „Bild“.

Кај „баварците“ веќе сите се подготвуваат за враќање на поранешниот шеф да работи во младинските школи на клубот, како затвореник и тој да работи во текот на денот надвор од затворот. Како што е познато дури му е подготвен и договор за вработување.

Според баварскиот закон за затворениците, 62-годишниот поранешен претседател на клубот може уште во јануари да стане затвореник кој може да работи надвор од затворот, ако може да докаже дека има обезбедено работно место.

Хенес ќе може да го напушти затворот во Ландсберг секој ден во 6:00 часот наутро, но во 18:00 вечерта треба да се враќа и да ноќева зад решетки.

Од влегувањето во затвор Хенес три пати добивал дозвола да го напушти за по неколку часа. Најверојатно тој ќе го слави Божиќ со своето семејство, а од јануари ќе може да излегува секој ден од затвор. Така тој ќе може да го прослави и својот роденден на 5-ти јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП