19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДали поради ова Реал и Барса се непобедливи во Шпанија?

Дали поради ова Реал и Барса се непобедливи во Шпанија?

primera 34

Се случува и Реал и Барса да имаат лоша сезона, но многу ретки се годините во кои некој трет ќе се замеша во битката за титулата. Во Англија е сосема различно. Дали одговорот на прашањето зошто е тоа така лежи во распределбата на парите од ТВ правата?

Нормално, има многу фактори кои одлучуваат, но факт е дека малите клубови во Шпанија се многу помалку конкурентни на Реал и Барселона, за разлика од сличните клубови во Англија кои се конкуренти на нивните водечки клубови. Од друга страна и бројот на клубови кои конкурираат за трофеите на Островото е значително поголем.

Еден од факторите е секако и фактот дека сите клубови во Премиелигата се значително стабилни финансиски со прилично големи буџети, огромни ако ги споредиме со клубовите од долниот дел на таблета во Примера. Причината лежи не само во бројот на навивачите и големата поврзаност на локалното население со локалните клубови, врска која во Англија е традиција, туку и договорите кои во Премиерлигата се направени околу распределбата на парите од ТВ правата.

За разлика од Шпанија каде најголемиот дел од парите го земаат Реал и Барселона, значително помал дел имаат Валенсија, Атлетико и Севиља, додеката за другите остануваат „ронки“, во Англија ситуацијата е многу поразлична. На Островот, разликата во парите кои од ТВ правата ги земаат најпопуларните, како Јунајтед и Ливерпул, и оние тие што ќе се најдат во буџетот на клубовите кои испаѓаат, е многу мала.

Последицата на ваквата одлука е затоа што и малите англиски клубови да можат да купат играчи по 10 милиони фунти, а многумина ќе кажат дека поради тоа и лигата е многу поинтересна и понеизвесна. Друго е прашањето како тие ги трошат парите и дали за тој износ купуваат играчи кои навистина вредат за платената цена.

Во Шпанија веќе долго време се преговара околу новата распределба. Нормално, Барселона и Реал не се согласуваат да се откажат од разликата во своја корист, па прашање е дали помалите клубови ќе успеат да земат поголем дел од колачот.

Погледнете како изгледа распределбата од минатата година и направете споредба. Сметате дека би било фер да се промени односот на силите во шпанскиот фудбал и да биде сличен како во Англија?

primera 3

primera 32

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП