25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарите и управата на Металург постигнале компромис

Ракометарите и управата на Металург постигнале компромис

lino

По повеќечасовни преговори во текот на вчерашниот ден, ракометарите и управата на македонскиот првак Металург постигнале компромис.

Неофицијално, решено е тимот во полн состав (исклучок на оние кои веќе ја напуштија екипата), да патува за Шпанија на дуелот против Ла Риоха во 5.коло од Лигата на шампиони.

Имено, на вчерашниот прв состанок не било најдено решение, но веќе на втората средба меѓу сопственикот Минчо Јорданов и ракометарите, постигнат е договор во интерес на сите страни.

Свесни за опасноста со која се соочува клубот при евентуално неиграње во ЛШ, а несакајќи да ризикуваат евенутална ригорозна казна од страна н ЕХФ, репрезентативците се согласиле да заминат во Шпанија.

Со нив ќе патува и тренерот Лино Червар, кој од страна на „побунетите” беше посочен како главен виновник за актуелната состојба.

Зад него пак застана Јорданов со цврст став и образложение дека токму Хрватот е еден од најзаслижнита за успехот на клубот во изминатите сезони.

Дали со овој компромис е ставен крај на кризата во која се најде македонскиот шампион или ова е само привремен договор останува да види.

Јавноста очекува да ги дознае деталите за компромисот меѓу ограчите и управата, преку евентуално заедничко соопштение.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП