25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФерги несакал да го продаде Роналдо во Реал, туку во Барса!

Ферги несакал да го продаде Роналдо во Реал, туку во Барса!

ronadlo1

Претходникот на Перез, Рамон Калдерон ја откри целата приказна, дека Сер Алекс сакал да го продаде Кристијано на Барселона, но самиот фудбалер одбил да се пресели во Каталонија. Неговиот сон, но и желбата на неговата мајка била, тој да заигра за Реал. Што всушност се случувало зад сцената?

Рамон Калдерон уште беше на чело на клубот кога трансферот беше договорен, иако Ферги се обидувал да ја „минира“ целата работа.

„Тој нас не не сака! Кога стана свесен дека Роналдо ќе си замине, ја алармираше Барселона. Тие се согласија да ја изедначат понудата на Реал, но Кристијано одби да се пресели на „Ноу Камп““, вели Калдерон.

Неговата приказна се согласува со делот на Феругсон за летото пред трансферот. Тогаш Кристијано сакал да си замине, но се сретнал во куќата на Квеирош со Фергусон и на крајот го убедиле да остане уште една сезона, ветувајќи му дека ќе го пуштат следното лето.

„Се сеќавам, бев на пат во Колумбија, Роналдо ми се јави и рече дека поради Фергусон, кој му е како втор татко, нема да може веднаш да дојде во Реал, но дека ќе го одржи ветувањето и во летото 2009-та ќе пристигне во клубот“, открива Калдерон.

Роналдо не сакаше да се пресели во Барселона, не само затоа што веќе се имаше договорено со Реал, туку несакал да ги сруши своите и соништата на неговата мајка, која секогаш верувала дека еден ден ќе го облече дресот на „кралскиот“ клуб.

Калдерон се повлече на крајот на таа сезона, а Флорентино Перез не ја пропушти можноста да го доведе Кристијано Роналдо.

„Тој е пример и за малите деца и за сите останати, не го промени ставот и ништо неможеше да го сопре да го облече дресот на Реал. Ние уште во 2008-ма депониравме пари во банка, несакавме него да го предадеме, ниту да не се реализираат преговорите, затоа што Јунајтед само бараше причина да не ни го продаде. Требаше да ги имаме сите пари и веднаш да ги исплатиме. И кога беше јасно дека работата се одложува за една година, тие пари останаа подготвени да се уплатат, веднаш штом ќе ги побараат“, потсетува Калдерон.

На крај, Роналдо го реализираше својот сон…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП