23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГвардиола: Никогаш повеќе нема да ја водам Барса!

Гвардиола: Никогаш повеќе нема да ја водам Барса!

pepco1

Пеп е дециден. Барселона е завршена приказна за него, поради тоа што го разочарале. Можеби еден ден ќе живее во престолнината на Каталонија, но нема да работи во клубот.

„Никогаш повеќе нема да ја водам Барселона. Постојат кругови во животот и тој е завршен во мојот“, беше јасен тренерот на Баерн.

Со Барса, Гвардиола освои три титули во првенството, две во Лигата на шампионите, два Куп пехари, два европски Супер Куп и две светски куп. Повеќе од одлични резултати за кратко време колку што претстојуваше на клупата на својот клуб во чиј дрес помина 11 сезони.

Од приказната на Гвардиола стана јасно дека односите помеѓу него и клубот се влошиле за време на претстојот во Њујорк.

„Реков дека заминувам 6.000 километри далеку и да ме остават на раат – но не го одржаа зборот“, вели Пеп.

Познато е дека не бил задоволен од начинот на кој се однесувале кон него за време на болеста на Тито Виланова, кога во јавноста објавија дека Гвардиола не дошол да го посети својот пријател.

„Ќе се вратам во Барселона еден ден да живеам. Мојата сопруга има свој бизнис таму и ќе се вратиме. Но, незнам кога ќе се случи тоа“, вели Гвардиола, кој овој викенд беше во Каталонија за да гласа за независноста на овој дел од Шпанија, која је поддржува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП