25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРома одби 25 милиони за Маркињос

Рома одби 25 милиони за Маркињос

marcos

Италијанскиот прволигаш Рома ја одби фантастичната понуда од 25 милиони евра, која екипата на Барселона ја понуди за младиот бразилски дефанзивец, Маркињос.

Маркос Аоас Кореа е 18-годишен стопер кој во јули 2012-та година од Коринтијанс пристигна во Рим за 4.5 милиони евра, а досега одгира само 12 средби за неговиот нов тим.

Каталонците веќе подолго време бараат долготрајно решение на позицијата стопер, поради годините на Карлес Пујол (34) и честите повреди на Џерард Пике. Па затоа во последно време се шпекулира за доведување на Давид Луис, Дејан Ловрен, но сепак нивниот прв пик и натаму е Маркињос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП