ПочетнаЕКОНОМИЈАИсплатени 79 милиони денари субвенции за одгледување свињи

Исплатени 79 милиони денари субвенции за одгледување свињи

prasici_feed

Министерството за финансии во текот на вчерашниот ден исплати 79 милиони денари субвенции на 113 сточари за одгледување свињи.

Финансиската поддршка за одгледани и заклани гоеници во кланични капацитети изнесува 1.000 денари по грло.

Исплатени се субвенции на сточари кои одгледуваат свињи низ цела територија на Република Македонија.

Владата со редовна исплата на субвенциите за земјоделците, како што стои во соопштението од Министерството за финансии, останува доследна во поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП