29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСекој е заменлив - дали сте сигурни?

Секој е заменлив – дали сте сигурни?

Една од најважните лекции која секој претприемач мора да ја совлада е дека одличните вработени се незаменливи.

Технологијата и производот не се она што компанијата ја прави добра, туку луѓето. А компаниите кои своите одлични работници ги гледаат како „заменливи“ не се во право. Добрите вработени не се менуваат!

Може ли компанија да вработи некој за да го замени со друг?

Секако дека може. Особено во ова време, кога на пазарот на труд има многу квалитетни кандидати кои се подготвени да ја прифатат работата. Сепак, вработувањето на нови личности не го менуваат одличниот работник. Затоа што вработувате само нова личност.

Претприемачите и директорите кои ја имаат усвоено фазата дека секој е заменлив се залажуваат самите, затоа што е тешко да се вработи некој кој поседува исти или подобри вештини. Но, вистина е дека компанијата тешко може да го замени одличниот работник.

Тоа е личност која одлично ја познава компанијата и како системот функционира, има супер производ, идеи и знаење. Со клиентите има фантастичен однос кој го градел и оддржувал со години. Таа личност поседува огромно искуство и добро знае кои одлуки во минатото биле добри за компанијата, а кои не. Освен тоа, добриот работник веројатно е дека имал и добар однос со останатите вработени. Па со неговото заминување ќе има големо влијание на корпоративната култура и квалитетната комуникација внатре во компанијата.

Заминувањето ги доведува и клиентите во прашање

Кога компанијата ќе остане без најдобриот вработен, тогаш и останатите се запрашуваат: Зошто таква личност си заминала и зошто компанијата така лесно се откажала од неговите услуги? Се случува ли нешто во компанијата кое би требало да не загрижи? Можеби и ние треба да бараме друга работа?

Не само што останатите вработени би се запрашале за ваквата одлука, туку тоа ќе го прават и клиентите. А нивното прашање ќе биде слично како и на работниците: Се случува ли нешто со компанијата, а ние да незнаеме? Зошто таков вработен би заминал? Треба ли да бараме нов соработник?

Накратко, губењето на добар работник има поголеми последици, отколку што на почетокот ќе ви се чини. Па така компаниите мораат да бидат многу внимателни кога донесуваат одлука за менување на еден со друг вработен. Непризнавањето на одлично завршената работа на вработениот може да биде голема грешка. Новата личност тешко дека ќе може да го замени, ако го земете во предвид вложеното време и пари кои се потребни додека новиот вработен почне да ја работи работата на неговиот претходник.

Ценете ги вашите вработени

Нормално, понекогаш се случува и вработениот сам да сака да си замине поради подобра работна понуда или други животни околности, што неможе да се спречи. Но во било која друга ситуација, кога компанијата има можност да го задржи одличниот вработен, треба да стори се што е во нејзина моќ тоа да го стори.

Покажете им на вашите вработени дека ги цените, ако неможете соодветно да ги платите, потрудете се да пронајдете друг начин да ги наградите за одличната работа. Колку и да е компаниијата, успешна, напредна и опремена со врвна технологија, важно е дека добрата фирма ја прават вработените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП