ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн преговара со поранешниот голман на „ѓаволите“

Баерн преговара со поранешниот голман на „ѓаволите“

tomas kuscak

Германскиот шампион Баерн Минхен има намера да го привлече голманот Томаш Кушчак.

Полјакот, кој е поранешен голман на Манчестер Јунајтед, во моментов е слободен агент. За последно тој го носеше дресот на тимот од Чемпионшип дивизијата, Брајтон, но на крајот на минатата сезона договорот му истече.

Баварците веќе водат преговори со Кушчак. Речиси е сигурно двете страни да се договорат и 32-годишниот голман ќе потпише договор до крајот на сезоната.

Тој ќе ја исполнува улогата на резерва на Мануел Нојер, откако Хозе Реина и Том Шарке заработија повреди.

Од Баерн имаа идеја да го привлечат поранешниот голман на Барселона Виктор Валдес, но тој одбра да започне преговори со Манчестер Јунајтед.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП