ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на активностите во кинескиот производствен сектор

Раст на активностите во кинескиот производствен сектор

chinapadproizvodstvo225

Активноста на кинескиот производствен сектор порасна во октомври, но фабричкото производство беше на петгодишниот минимум, што е нов сигнал за забавување на домашната и странска побарувачка, покажаа вчера прелиминарните податоци на британската банка HSBC.

Прелиминарниот индекс на менаџерите за набавка (ПМИ) во производствениот сектор на Кина порасна овој месец на 50,4 од 50,2 поени кои беа забележани во септември, при што секој резултат над 50 поени укажува на раст, а под 50 поени на пад на секторските активности, пренесува агенцијата АП.

Пекинг претходно оваа недела соопшти дека економскиот раст во третиот квартал бил на претгодишен минимум од 7,3 проценти, по 7,5 проценти раст забележани во претходниот квартал.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП