29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Црвените“ во јануари ќе се обидат да го купат Игуаин

„Црвените“ во јануари ќе се обидат да го купат Игуаин

gonzalo iguain 2249

Доколку по утрото се познава денот, на „Енфилд“ ова лето и тоа како ги промашија засилувањата во нападот, па во јануари ќе се обидат да ги отстранат дамките.

Нападот на Ливерпул во досегашниот тек на сезоната делува очајно, заминувањето на Суарез остави тешки последици врз тимот на Роџерс, а Балотели, Ламберт и Марковиќ не го оправдаа статусот на засилувања, Стариџ е друг играч кога не е со Уругваецот во тандем, единствен од офанзивната линија кој „колку-толку“ го држи нивото од минатата сезона е Рахим Стерлинг, иако тој повеќе е крило.

Oва се само некои од причините за грижа на Брендан Роџерс, а медиумите веќе стартуваа со шпекулирање околу новите засилувања во нападот. Од Апенините пристигна глас дека Наполи е подготвен да ја прифати понудата на Ливерпул за Гонзало Игуаин.

Според информациите, „црвените“ се подготвени да дадат 31 милиони фунти за аргентинскиот напаѓач, понуда која е прифатлива и за клубот од Неапол.

Доколку се реализира овој трансфер, Наполи веќе има и пронајдено замена за Аргентинецот, а тоа е фудбалерот на Порто, Џексон Мартинез.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП