19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМареј влегува во хотелски бизнис

Мареј влегува во хотелски бизнис

murej

Британскиот тенисер, Енди Мареј најави дека ќе влезе во хотелскиот бизнис, затоа што купил имот во близина на неговиот роден град во Шкотска.

Третопласираниот тенисер на светската ранг листа, планира да го реновира Кромикс Хаус Хотел во близина на Дунблејн во хотел со пет ѕвезди, кој ќе има 15 соби.

„Задоволен сум што на овој начин можам да му се оддолжам на градот во кој пораснав“, рече тенискиот олимписки шампион и освојувач на УС-опен.

Планирано е хотелот да биде отворен во пролетта 2014-та година и со него ќе раководи братот на Едни, Џејми кој токму во тој хотел се ожени со Александра Гутиерес во 2010-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП