ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономскиот раст на САД најголем во последните две години

Економскиот раст на САД најголем во последните две години

rastekonomijabdp574674

По ладната зима, американската економија во пролетта оваа година значително се подобри, забележувајќи го во вториот квартал најбрзиот економски раст во последните две години, покажаа официјалните податоци во Вашингтон.

Бруто домашниот производ (БДП) на САД во три месеци заклучно со јуни е зголемен за 4,6 проценти на годишно ниво, а солиден раст се очекува и во остатокот од годината, наведува американското Министерство за трговија, пренесува агенцијата АП.

Во првиот квартал, БДП е намален за 2,1 проценти, бидејќи острата земја придонесе за пад на економските активности.

Резултатите во вториот квартал се подобри во однос на прелиминарната проценка од минатиот месец, кога растот на БДП е проценет на 4,2 проценти. Економистите веруваат дека економијата во тековниот квартал ќе напредува за три проценти.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП