25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСе тресе фотелјата на Бенитез!?

Се тресе фотелјата на Бенитез!?

benitez napoli

Тренерот на Наполи, Рафаел Бенитез вели дека не стравува за работата, но некои медиуми во Италија тврдат дека би можел да добие отказ, доколку тимот во скоро време не почне да игра подобро.

Клубот од Неапол има разочарувачки старт на сезоната, најлош уште од 2009-та година, а беше елиминиран и во баражот за Лигата на шампионите од Атлетик Билбао.

„Не сум се слушнал веќе некое време со претседателот на клубот, но сметам дека и покрај лошите резултати, мојата работа не е во опасност. Верувам дека ни претстојат подобри денови“, вели Бенитез.

Според одредени медиуми на шпанскиот стратег му е наложено тимот во следните две средби против Сасуоло и Торино да освои најмалку четири бода, доколку сака да остане на чело на тимот.

Наполи во средата одигра нерешено на домашен терен со Палермо (3:3) и моментално е на 10-тото место на таблета со осум бодови заостанување зад водечките Јувентус и Рома.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП