29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРојс е разочаран од клубот!?

Ројс е разочаран од клубот!?

marko razocaran

Германскиот фудбалер се уште не го продолжил договорот со својот клуб, а европските медиуми известуваат за разочарување во врска со Дортмунд.

Марко Ројс беше еден од фудбалерите за кој многу се говореше во текот на летото во контекст за заминување од редовите на „милионерите“.

Јирген Клоп во неколку наврати го одбиваше интересот на потенцијалните купувачи, Ројс не бил на продажба, но прашање е колку долго тие ќе бидат во можност да ги издржат нападите.

За овој одличен фудбалер интерес покажаа многу гиганти, пред се моќните англиски клубови, Арсенал, Ливерпул и Манчестер Јунајтед. Потерата за Ројс би можела да добие пресвртница, ако се земат во предвид последните шпекулации од Германија.

Имено, извештаите од оваа земја тврдат дека Марко Ројс е разочаран од Дортмунд, пред се поради трансфер политиката на клубот, па поради тоа свесно го одолжува потпишувањето на новиот договор.

„Милионерите“ за една година останаа без Марио Геце и Роберт Левандовски, а на нивно место пристигнаа Хенрик Мкитаријан и Чиро Имобиле. Сепак, Ројс, според пишувањето на „Sportbild“, е разочаран поради недостатокот на светски познати засилувања, па поради тоа би можел и самиот да ја промени средината во 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП