24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Граѓаните“ се подготвуваат за трансферот на Баркли

„Граѓаните“ се подготвуваат за трансферот на Баркли

ros barkli 292

Актуелниот шампион на Англија во текот на летниот преоден рок ќе се обиде да го купи Рос Баркли од Евертон, објавија англиските изданија.

„Граѓаните“ се подготвени да го примамат фудбалерот со двојно поголема плата во споредба со онаа која во моментов ја добива кај „карамелите“.

Спортскиот директор на Манчестер Сити, Чики Бегиристајн веќе почна да работи на остварување на трансферот.

За сега двата клуба се доста далеку од постигнување на договор, бидејќи Евертон за англискиот репрезентативец сака 50 милиони фунти.

Според информациите, од Манчестер Сити не се подготвени да дадат повеќе од 30 милиони фунти за 20-годишниот фудбалер.

Во изминатото лето Манчестер Сити „погоди на камен“ во обидот да го привлече Баркли. Тоа уште повеќе го мотивираше раководството на клубот да го донесе халфот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП