19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул ќе биде казнет за нарушување на финансискиот ферплеј

Ливерпул ќе биде казнет за нарушување на финансискиот ферплеј

liverpul kazna

Англискиот клуб Ливерпул може да биде казнет поради нарушување на финансискиот ферплеј, пишуваат денеска медиумите на „Островот“. Глобата, која може да биде изречена на „црвените“ од „Енфилд“, е во износ од 7 милиони фунти.

Ливерпул, Монако и Интер (Милано), заедно со други тимови, кои не учествувале во минатата година во Лигата на шампионите или Лига Европа, ги поднесоа до УЕФА своите финансиски извештаи.

Во документите на Ливерпул јасно се гледаат загуби во износ од 49,8 милиони фунти за сезоната 2012/2013 и 41 милиони фунти за десет месеци до мај 2012-та година.

Ако Ливерпул не успее да ја докаже исправноста, ако не успее да се заштити, УЕФА ќе го одземе износот на глобата од наградниот фонд кој ќе им се падне при распределбата на износите по крајот на сезоната во Лигата на Шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП