28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Топџиите“ остана со куси ракави, Карваљо го обнови договорот

„Топџиите“ остана со куси ракави, Карваљо го обнови договорот

vilijam karvaljo

Трансферната цел на Арсенал од ова лето, Вилијам Карваљо го обнови договорот со својот клуб Спортинг Лисабон. Така тој конечно стави точка на желбите на „топџиите“ да потпишат со него.

Менаџерот Арсен Венгер го сакаше во последниот ден на трансфер прозорецот, но тогаш неговата понуда беше одбиена. Французинот подготвуваше понуда за зимата, но играчот со оваа одлука му покажа дека нема намера да оди кај „топџиите“.

Се уште официјално новиот договор не е потпишан, но се очекува тоа да стане факт во следните неколку часа. Според новите параметри, Карваљо ќе добие петкратно зголемување на платата.

Во моментов тој е една од најпознатите нископлатени ѕвезди на „лавовите“, а неговата месечна плата изнесува само 100.000 евра. Во Арсенал беа подготвени да му ја зголемат четирикратно, но тој одби.

И во знак на благодарност, од клубот му ја зголемија платата до 500.000 евра месечно. Во договорот ќе има и нова клаузула за раскинување на истиот. Во моментов таа е 45 милиони евра, но ќе биде драстично зголемена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП