25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСусо во јануари ќе биде нов играч на Милан

Сусо во јануари ќе биде нов играч на Милан

suso 282

Играчот од средниот ред од Шпанија не се прослави во Ливерпул, а неговиот договор му истекува на крајот на сезоната. Со цел да не го напушти „Енфилд Роуд“ без никакво обештетувње, тој ќе ги засили „росонерите“ во јануари.

Оваа информација ја пренесоа водечките италијански медиуми, а тоа го потврди и новинарот Џанлука ди Марицио.

Според неговите информации, Милан ќе одвои 1.2 милиони фунти за Сусо за четиригодишен договор.

Хесус Хоакин Фернандес Саез де ла Торе, или скратено Сусо, пристигна во Ливерпул во 2010-та година од Кадиз како играч кој многу ветува, но за „црвените“ настапи на само 20 средби во сите натпреварувања.

Неговиот претстој на „Енфилд“ е обележан со повеќе вонтеренски активности, а медиумите многу го обвинуваа поради хомофобичните „твитови“ на сметка на соиграчот Хозе Енрике.

Oвој 20-годишен фудбалер минатата сезона ја мина на позајмица во Алмерија. Таму остави солиден впечаток, а беше член и на младинските селекции на репрезентацијата на Шпанија во сите возрасти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП