ПочетнаИНТЕРЕСНОСкоро 10 милиони евра ќе освои победникот на Лига Европа

Скоро 10 милиони евра ќе освои победникот на Лига Европа

evropa liga 38

УЕФА го објави наградниот фонд на турнирот кој е вториот по ранг кој го организираат на „Стариот континент“.

Секоја од 48-те екипи во групната фаза ќе добие по 1,3 милиони евра за влез, а тарифите за поени се 200 илјади евра за победа и 100 илјади за реми. Победникот во секоја група земе уште 400 илјади, а вторите тимови ќе земаат по 200 илјади евра.

Сумата од 200 илјади е приходот од учеството во 1/16 финалето, а 350 илјади евра чини пресметката во осминафиналето.

Четвртфиналистите ќе земат по 450 илјади евра, а полуфиналистите по 1 милион. Победникот на турнирот во својата каса ќе стави 5 милиони евра, а поразениот  2.5 милиони.

Значи максималниот приход на победникот на турнирот само од наградниот фонд е 9.9 милиони евра, а тука не е е пресметан износот кој ќе го добијат од телевизиските права.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП