ПочетнаИНТЕРЕСНОГодишното лекување на Шумахер вреди милиони

Годишното лекување на Шумахер вреди милиони

sumi kuka11

Третманот на Михаел Шумахер чини 100 илјади фунти неделно (4,8 милиони годишно), открива британскиот весник „Мирор“.

Германецот ја напушти клиниката во Лозана и веќе е на домашно лекување, а со него е и медицински тим од 15 лица. Во сумата за неговиот третман влегуваат не само платите на лекарите, но и лековите и поставувањето на медицинската опрема во неговиот дом.

Богатството на Шумахер се проценува на 300 милиони фунти, што го прави беспрекорен неговиот третман. 45-годишниот поранешен пилот се врати дома по 254 дена поминати во француската болница, а потоа и во клиника во Лозана.

Според лекарите, пилотот кој настрада при скијање на француските Алпи и ја повреди главата, не е во добра состојба, но претстојот дома е потребен за т.н. емоционална стимулација.

Пред една недела менаџерот на Шумахер, Сабине Кем призна дека се уште нема подобрување на неговата состојба.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП