19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈуве - Пристигнува Шпанец, но кој?

Јуве – Пристигнува Шпанец, но кој?

pedro mata

Aктуелниот шампион на Италија има зачувани пари од летниот преоден рок, поради тоа што се откажа од Итурбе. Тие сакаат офанзивен играч од средниот ред или крило, па така двајца Шпанци се во игра…

Директорот Марота на некој начин најави дека екипата ќе биде засилена, некои медиуми типуваат на Симоне Заза за кого ќе мораат да платат 15 милиони, но веројатно новиот напаѓач на „азурите“ ќе остане во Сасуло до крајот на сезоната.

На „мета“ се Шпанци, наводно им е понуден Мата за Видал, но тие не се воодушевени од таа идеа, иако сакаат некогашниот играч на Валенсија и Челзи да се пресели во Торино и да игра зад двајцата напаѓачи.

Тие имаат 25 милиони евра за тој трансфер, но се чини дека „ѓаволите“ ќе бараат повеќе.

Денеска каталонските медиуми пишуваат дека „старата дама“ ќе се обиде да го купи Педро од Барселона кој идеално би се вклопил во 4-3-3 формацијата со која Алегри веќе утре ќе експериментира во Лигата на шампините против Малме.

Педро не е задоволен од враќањето на Суарез и експлозиајта на Мунир, што дополнително ќе ги лимитира неговите шанси за игра, па би можел да размислува за заминување. Сепак, тој има договор до 2017-та година и се верува дека Барса нема да го продаде, освен во случај на некоја голема понуда.

Останува да видиме како Јуве ќе троши во јануари, а тоа ќе зависи и од тоа каква ќе биде ситуацијата на таблета во Серија А.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП