29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКејхил ќе го продолжи претстојот на „Стемфорд Бриџ“

Кејхил ќе го продолжи претстојот на „Стемфорд Бриџ“

geri kejhil

Англискиот репрезентативец Гери Кејхил е пред потпишување на нов договор со Челзи. Преговорите почнаа пред еден месец и според одредени медиуми договорот ќе биде наскоро парафиран.

28-годишниот дефанзивец се покажа како безпогрешно засилување по трансферот од Болтон во 2012-та година за сума од 7 милиони фунти. Тој стана стартер до Џон Тери и со „сините“ ја освои Лигата на шампионите, Лига Европа и ФА Купот.

Кејхил ќе стане третиот играч на Челзи, кој го обновува договорот со клубот од Лондон. Тоа веќе го сторија Цезар Аспиликуета и голманот Тибо Куртоа. И двајцата потпишаа до 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП