ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемени продажните цени на производителите на индустриски производи

Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи

industriski proizvodi22

Во август годинава продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0,2 отсто на месечно и за 0,4 проценти на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со јули 2014 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Енергија за 0,9 отсто и во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 0,7 отсто.

Во споредба со август лани, пак, продажните цени се повисоки во групата Енергија за 3 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 2,4 и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,4 отсто.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП