ПочетнаЕКОНОМИЈАМЖ Инфраструктура укажува на случаи на непочитување железничка сигнализација

МЖ Инфраструктура укажува на случаи на непочитување железничка сигнализација

signalizacija

Јавното претпријатие МЖ Инфраструктура апелира возачите да ја почитуваат поставената железничка сигнализација со што би се избегнале сообраќајните несреќи кои во последно време се позачестени.

Претпријатието денеска информира дека преку безбедносни камери се евидентирани случаи на непочитување на железничката сигнализација кај железничката пруга во Драчево од страна на возачи.

Снимките може да се најдат на веб страницата www.mzi.mk во делот активности по наслов „Вандалско однесување на учесниците во сообраќајот“ на вкрстувањето на патот со железничката пруга во Драчево.

Оваа активност е дел од кампањата за заштита и безбедност во сообраќајот промовирана од страна на МЖ Инфрастуктура со цел зголемување на безбедноста во железничкиот сообраќај.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП