29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУапсен „мозокот“ за наместените натпревари

Уапсен „мозокот“ за наместените натпревари

fudbal

Полицијата во Сингапур потврди дека го уапсиле лицето Дан Тан, за кој се верува дека бил инволвиран во стотина наместени фудбалски натпревари ширум светот.

„Дан Тан е жител на Сингапур, кој досега беше именуван во извештајите, уапсен и моментално и помага на сингапурската полиција во врска со истрагата. Понудивме помош и размена на информации на земјите кои се заинтересирани за овие случаји, и со таа пракса ќе продолжиме и понатаму“, се наведува во соопштението.

Од министерството за внатрешни работи во Сингапур се одлучиле за таков потег, поради тоа што во четвртокот во Италија беше уапсен Словенецот, Адмир Сулјиќ, за кој се верува дека е близок соработник на Тан.

Италијанските власти издадоа налог за апсење на Дан Тан, но полицијата во Сингапур не соопшти дали ќе го предадат.

Тан е обвинет како лидер на криминална група која со обложување заработила милиони долари од наместените натпревари во италијанскиот фудбал.

Сулјиќ, кој е обвинет за злосторничко здружување и малверзации во спортот, со авион патуваше од Сингапур до Милано за да им се предаде на властите. Инаку тој беше во бекство од декември 2011 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП