29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Старата дама“ и натаму го посакува Џеко!?

„Старата дама“ и натаму го посакува Џеко!?

edin zeko 23

Јувентус, според информациите кои ги имаат медиумите во Велика Британија, се уште е заинтересиран да го доведе репрезентативецот на Босна и Херцеговина.

Преодниот рок е завршен пред неколку дена, а тимовите со тоа што го имаат ќе мораат да ја продолжат сезоната, барем до почетокот на наредната, 2015-та година.

„Старата дама“, се чини дека посакува уште еден напаѓач од светска класа, се споменуваше дури и Фалкао, но од тоа ништо. Нивна желба беше и Един Џеко, кој се уште е актуелен.

Според информациите кои ги имаат медиумите во Британија, Јувентус ќе излезе со нова понуда за Един Џеко. Некои приказни отидоа толку далеку што се истакнува дека Мануел Пелегрини сака да го продаде босанскиот „дијамант“ и во јануари да доведе ново засилување, но прашањето е дали тоа воопшто е точно.

Претходниот месец Џеко потпиша нов договор со Манчестер Сити и тоа на четири години, па прашање е колку овие шпекулации имаат смисла.

Алваро Негредо е единствениот напаѓач кои си замина во овој преоден рок во друг клуб, а Јоветиќ, Џеко и Агуеро се менуваат на почетокот на сезоната во нападот на Сити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП