24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКуртоа ќе потпише нов договор со Челзи

Куртоа ќе потпише нов договор со Челзи

celzi tibo2

Тибо Куртоа ќе потпише нов договор со Челзи, откако веќе младиот голман се увери во својот статус на стартер на „Стемфорд Бриџ“.

„Сините“ му предложија на Белгиецот нов 5-годишен договор уште на крајот на минатата сезона, кога тој се уште играше под наем во Атлетико Мадрид. Тогаш Куртоа одби да го потпише, бидејќи се плашеше дека ќе седи на клупата во конкуренција со искусниот Петер Чех.

Од почетокот на сезоната Жозе Мурињо, сепак има повеќе доверба токму во Куртоа.

Актуелниот договор на 22-годишниот Белгиец со Челзи истекува по две сезони, но од „Стемфорд Бриџ“ сакаат голманот да го продолжи договорот до 2019-та година. Во моментов Куртоа добива 30.000 фунти неделно, но според информациите неговата плата ќе биде значително зголемена.

Според „Телеграф“ Петер Чех ќе добива шанса за докажување во Лигата на Шампионите и во англиските купови. Многу е веројатно во јануари 32-годишниот голман да побара да го напушти „Стемфорд Бриџ“, во случај дека не добива доволно можности за настап.

ПСЖ и Монако имаат интерес кон Чех, а Реал Мадрид исто така ја следи ситуацијата околу него, тврди „Телеграф“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП