29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПандев пристигна во Истанбул

Пандев пристигна во Истанбул

napolisport

Македонскиот фудбалски интернационалец Горан Пандев пристигна во Истанбул и во текот на денешниот ден треба да го официјализира својот трансфер во редовите на повеќекратниот првак на Турција, Галатасарај.

Пандев заедно со Блерим Џемаили се тандемот, кој од Наполи се селат во редовите на Галатасарај.

Пандев при доаѓањето во Истанбул беше пречекан од навивачите на турскиот клуб и притоа се фотографираше со шал на новиот тим.

Двајцата нови играчи не одговараа на новинарски прашања, туку се упатија во комплексот на Галатасарај каде ќе ги минат и лекарските прегледи.

Во новиот клуб тренер на Пандев ќе му биде Чезаре Прандели.

Во својата кариера во странство досега Пандев настапуваше за италијанските екипи: Интер, Лацио, Наполи и како позајмен во Специа и Анкона.

Почетокот на кариерата го имаше во струмичка Беласица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП