20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВалдес наскоро во голем тим

Валдес наскоро во голем тим

F

Агентот на шпанскиот голман Виктор Валдес, изјави дека неговиот клиент наскоро ќе потпише за некои од најголемите европски клубови.

Валдес и понатаму е без клуб после заминувањето од Барселона, а неговиот менаџер Хинес Карвахал истакнува дека до Божиќ ќе пронајде нов врвен клуб за Валдес.

Тој беше на чекор до заминување во Монако, но не успеа да ги помине лекарските прегледи после тешката повреда на коленото која ја доби минатата година.

„Може да потпише во било кое време и сигурен сум дека Валдес ќе биде во голем клуб пред Божиќ. Заздравувањето оди добро, но сеуште не знаеме кога ќе добие дозвола за враќање на терените“, рече Карвахал.

Валдес претходните 12 години ги помина во Барселона за која бранеше на 387 натпревари.

Дресот на Шпанија го носеше 20 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП