19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООтворање на СЦ „Јане Сандански“ и хотелот „Русија“

Отворање на СЦ „Јане Сандански“ и хотелот „Русија“

sala

Друштвото за спорт и рекреација – Спортски центар „Јане Сандански“ и хотелот „Русија“ што се наоѓаат во Општина Аеродром, денеска свечено ќе бидат отворени.

На отворањето најавено е присуство и обраќање на премиерот Никола Груевски, инвеститорот на објектот Сергеј Самсоненко, градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски, генералниот менаџер на Спортскиот центар Надица Димовска и гереналниот менаџер на хотелот „Русија“ Дина Муцунска.

Ќе биде пуштена во употреба арената, односно централната сала со капацитет од 6.500 посетители, како и хотелот „Русија“, а ќе се отвори и помошната спортска сала за кошарка и ракомет со капацитет од 1.500 посетители, како и конгресниот центар.

Дополнителните спортски капацитети планирани се да бидат пуштени во употреба до крајот на годинава, а тоа се тениски игралишта, фитнес и аеробик центар.

На западната страна од Спортскиот центар има обезбедено место каде ќе се продаваат спортска опрема и реквизити, а планирана е и игротека.

Во процесот на изградба на Спортскиот центар учествуваа над 60 македонски компании, пет странски, како и околу 1.600 работници, а целиот проект беше завршен за 16 месеци.

Хотелот „Русија“ ќе располага со 61 соба и апартмани, од кои еден претседателски апартман, шест „супериор“, 28 еднокреветни соби, 12 „твин“ и 14 „дабл“ соби.

Хотелот ќе содржи спа центар и руф бар.

Проектот е изграден со јавно приватно партнерство на компанијата на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко и Општина Аеродром.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП