29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНема понуда за Подолски

Нема понуда за Подолски

A

Фудбалските клубови Јувентус и Наполи не испратиле понуда за напаѓачот на Арсенал, Лукас Подолски, изјави неговиот агент.

Подолски не беше во составот на Арсенал на натпреварот против Евертон во саботата (2:2), а поради тоа британските медиуми шпекулираа дека тој ќе замине од Лондон.

„Читав во весниците дека Јувентус и Наполи се заинтересирани за Лукас. Но, тие клубови не не контактираа“, изјави агентот Али Пектас.

„Не знам дали Подолски во овој преоден рок ќе замине во Италија. Единствено што е сигурно е дека Лукас има договор со Арсенал“, додаде тој.

Подолски, за кого е заинтересиран Галатасарај, во 2009 година од Келн премина во Арсенал и му останаа уште две години од договорот со лондонскиот клуб. Тој за Арсенал одигра 69 натпревари и постигна 28 голови, а го освои и ФА купот минатата сезона.

За репрезентацијата на Германија, со која ова лето го освои Светското првенство во Бразил, одиграл 116 натпревари и постигнал 47 голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП