18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчестер Сити подобар во дуелот со Ливерпул

Манчестер Сити подобар во дуелот со Ливерпул

lol

Шампионот на Англија, Манчестер Сити успеа да победи во првото дерби во новото првенство во рамките на 2. коло од Премиер лигата, а совладан беше Ливерпул со 3:1.

Ова, воедно, беше дуел на двете првопласирани екипи од ланскиот шампионат.

„Граѓаните“ поведоа во финишот на првиот дел кога грешката на одбраната на Ливерпул во 41. минута ја казни Стеван Јоветиќ. Истиот фудбалер зголеми на 2:0 во 55. минута откако одбраната на „црвените“ уште еднаш лошо реагираше.

Само што влезе во игра (69.минута) на местото на повредениот Един Џеко, во листата на стрелци се запиша Кун Агуеро.

Во финишот на дуелот со автоголот на Пабло Забалета (83. минута) Ливерпул намали на 3:1.

Со триумфот Манчестер Сити е во групата екипи заедно со Тотенхем, Челзи и Свонси кои имаат по 6 бодови и се на врвот на табелата. Ливерпул во моментов е на 9.место со 3 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП