29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБез победник во Неапол и Истанбул, Баер подобар од Копенхаген

Без победник во Неапол и Истанбул, Баер подобар од Копенхаген

ars

За да влезат во групната фаза од фудбалската Лига на шампиони, 20 екипи ги дели последната пречка.

Синоќа се одиграа половина од баражите, во кои Баер Леверкузен забележа гостинска победа во Данска, Наполи и Бешикташ не ја искористија предноста што ја носи домашниот терен, додека Стеауа и Салцбург на
реваншите одат со минимална предност.

Постигнати резултати: Бешикташ – Арсенал 0:0, Копенхаген – Баер Леверкузен 2:3, Наполи -Атлетик Билбао 1:1, Салцбург – Малме 2:1 и Стеауа – Лудогорец 1:0.

Вечерва (20:45 часот) на програмата се средбите: Алборг – АПОЕЛ, Лил – Порто, Марибор – Селтик, Слован Братислава – БАТЕ Борисов и Стандард – Зенит.

Реваншите ќе се играат на 26 и 27 август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП