ПочетнаЕКОНОМИЈАКризата ja врати наназад за 20 години куповната моќ на Грците

Кризата ja врати наназад за 20 години куповната моќ на Грците

grcijapropust

Последиците од кризата во Грција станаа уште подраматични, бидејќи куповната моќ на Грците со минимална плата се вратила наназад за 20 години.

Според истражување на Заедничката конфедерација за труд ГСЕЕ минималните плати на Грците на возраст над 25 години се намалиле за 22 отсто – од 751 евро до 560 евра, а на тие под 24 години паднале за 32 проценти и дошле до 510 евра.

Просечната плата во приватниот сектор во Грција е 750-800 евра, што е сума намалена од 1.100 евра, колку што беше на почетокот на кризата.

Истражувањето покажало дека голем број работници со задоцнување ги земаат своите плати.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП