29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКомпани го продолжи својот претстој на „Етихад“

Компани го продолжи својот претстој на „Етихад“

kompani 3

Централниот дефанзивец Винсент Компани потпиша нов петгодишен договор со Манчестер Сити.

28-годишниот Белгиец е најуспешниот капитен во историјата на клубот. Новиот договор ќе го задржи како играч на „граѓаните“ до 2019-та година.

„Кога пристигнав во 2008-ма година, воопшто и не сонував дека можам да го постигнам она што се случи во последните шест години. Но за мене тоа беше само почеток на едно патување“, изјави Компани за интернет страницата на клубот.

„Кревањето на две титули во Премиер лигата, ФА купот и Лига Купот се најдобрите четири дена од мојот живот. Јас сепак верувам дека животот ќе ми понуди нови слични моменти“, додаде тој.

Откако премина на стадионот „Етихад“ од Хамбургер пред шест години, Компани се етаблира како главен дел од одбраната на Сити и еден од најквалитетните дефанзивци во Европа.

Александар Коларов, Самир Насри и Давид Силва исто потпишаа нови договори пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП