ПочетнаЕКОНОМИЈАУгостителските услуги во јули поскапеле за 0,6 отсто

Угостителските услуги во јули поскапеле за 0,6 отсто

ugostiteli888

Цените на угостителските услуги во јули годинава во однос на претходниот месец бележат зголемување за 0,6 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Зголемување е забележано во групите Храна за 0,1 отсто, Алкохолни пијалаци за 1,3 отсто, Безалкохолни пијалаци за 0,2 отсто и Ноќевања за 1,6 отсто.

Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за 1,1 отсто.

Цените на угостителските услуги за периодот јануари-јули 2014 година, во однос на овој период од минатата година, е намален за 0,6 отсто, додека во однос на декември 2013 година е зголемен за 0,3 отсто.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП