ПочетнаКОМПАНИИМардок ја повлече понудата од 80 милијарди долари за Тајм Ворнер

Мардок ја повлече понудата од 80 милијарди долари за Тајм Ворнер

Rupert Murdoch

Медиумскиот магнат Руперт Мардок ја повлече понудата од 80 милијарди долари за купување на американската Тајм Ворнер.

За понудата беше соопштено официјално во средината на јули.

Сега Мардок појасни дека предлогот на неговиот медиумски конгломерат Твенти-фрст сенчери фокс, не бил разгледан како привлечен за Тајм ворнер.

,,Раководството и административниот совет на Тајм ворнер одбија со нас да го анализираат
подобро нашиот предлог”, појасни Мардок.

По изјавата на Мардок, акциите на Тајм ворнер паднаа на берзата на Волстрит.

Извор близок до Мардок вели дека биле заинтересирани за каналот Ви-Ејч-О и за спортските права што ги има откупено Тајм Ворнер.

Мардок планирал и да го препродаде Си-Ен-Ен на Тајм Ворнер кој е конкурент на неговата телевизија Фокс њуз.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП