23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ ја одреди цената за Лавеци

ПСЖ ја одреди цената за Лавеци

lavezzi232

Раководството на ПСЖ ја одреди цената, која ја сака да се раздели со напаѓачот Есекиел Лавеци.

Секој кој сака да го купи Аргентинецот ќе мора да извади најмалку 20 милиони евра. Најсериозен интерес кон овој играч има од страна на италијанскиот шампион Јувентус, кој најверојатно ќе упати понуда во наредните денови.

Разделбата со Лавеци е речиси неизбежна откако ПСЖ е на пат да си ги обезбеди услугите на Анхел ди Марија од Реал Мадрид.

Самиот играч исто така е подготвен да си замине, а дури и сам инсистирал да биде ставен на трансфер листата. Лавеци добро ја познава ситуацијата во Серија „А“, затоа што пред да дојде во Париз, тој со успех настапуваше во дресот на Наполи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП