24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈувентус го продолжи договорот со Фиат

Јувентус го продолжи договорот со Фиат

juve fiat

Шампионот на Серија А,Јувентус, го обнови спонзорскиот договор со италијанскиот производител на автомобили Фиат.

„Бјанконерите“ објавија дека потпишале договор за период од шест години, со кој партнерството меѓу двете страни ќе продолжи до 2021-ва година.

Новиот договор меѓу фудбалскиот клуб и концернот ќе стапи во сила од сезоната 2015/16. Јувентус ги претстави и финансиските параметри на договорот.

Клубот од Торино ќе добива 17 милиони евра по сезона и одделно ќе имаат бонуси во зависност од презентацијата во италијанското првенство и европските клубски турнири.

Фиат ќе остане единствен спонзор на тимовите на тимот од Торино во сите натпреварувања – право кое го има од 2012-та година. Автомобилскиот производител ќе продолжи да биде и официјален превозник на тимот кој ги освои последните три шампионски титули во Серија А.

Во минатата сезона на дресовите на Јувентус стоеше логото на американската марка „Jeep“. Таа е дел од „Chrysler Group“, која е „сестринска фирма“ на Фиат.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП